|
Здраво драг римувачу! Rimuvaj.mk е web апликација креирана од двајца млади инженери по ИТ од Скопје. Целта на овој проект е да се олесни процесот на наоѓање на рима за тие кои пишуваат песни, поезија, стихотворби, тие кои се текстописци, и на сите тие на кои во даден момент им е потребно да пронајдат рима за одреден збор. Се што треба да направите е во полето да внесете збор на кирилица и ќе ви се излистаат голем број на зборови кои се римуваат со соодветниот збор, поделени по категории во споредба на бројот на последни букви со кои се римуваат. Некои зборови кои што имаат лексиконско објаснување, се обоени со сина боја. Кога ќе дојдете со глувчето врз тие зборови, ви се отвара блокче кое е исполнето со лексиконското објаснување за соодветниот збор. На почетокот се испишува и вкупната бројка на зборови кои се римуваат со внесениот збор. Доколку немате инсталирано македонска поддршка, т.е. кирилица на вашата тастатура, тогаш тука е на помош страната на која има видео презентации како да го направите истото во зависност од вашиот оперативен систем. Додадени се и нови функционалности. “Додади збор“ е алатка преку која можете да предложите нов збор кој сметате дека го немаме во нашата база. “Корегирај збор“ е алатка преку која можете да предложите збор за корекција за кој сметате дека е грешно прикажан или пак има погрешно лексиконско објаснување. “Печати“ е функција која ви овозможува со самото притискање да ви се отвори прозорчето за печатење на вашиот печатач и одредено римување да го испечатите на хартија. Поставени се и социјални додатоци во горниот дел како, twitter додаток кој следи твитови и дискусии, и facebook додаток кој ги покажува бројот на обожаватели на rimuvaj.mk на facebook страната. На долниот дел се поставени уште некои алатки како, “сподели“ алатката со која можете rimuvaj.mk да ја споделите со вашите пријатели на социјалните мрежи, Tweet копчето со кое можете да ја твитнете rimuvaj.mk и Facebook Share со кое споделувате на facebook дека ви се допаѓа rimuvaj.mk. Има и копче twitter кое води до профилот на rimuvaj.mk. Исто така голема новина во апликацијата е воведувањето на AJAX. За тие што не знаат, оваа техника е воведена со цел да не ви се повикува целата страна секој пат кога ќе побарате рима, туку само потребните резултати да бидат вчитувани, со што ви штедиме на потрошен трансфер на податоци и нормално потребно е многу помалку време за да ги добиете римите. Моментално се работи на подобрување на квалитетот на rimuvaj.mk. Во претстојниот период следуваат нови подобрени верзии, а на вас останува да го користите сајтот, и да ни дадете повратна информација за истиот. Rimuvaj.mk е некомерцијален и непрофитен проект и е целиот изработен како самоиницијатива. Моментално работи и е online на минимален буџет и ограничени се финансиски можностите за рапидно и функционално да се подобрува. Тимот на римувај ги прави сите напори , колку што е можно повеќе со моменталните сретства, да ги задоволи потребите на своите корисници на оваа апликација. Голема благодарност до: Јане Ќортошев, Ѓорѓи Карагоцев , Горан Маневски , Itea Solutions Со почит, Римувај тим. |